Дома Фудбал Англија Гвардиола јавно му предложи тренер на Арсенал!

Гвардиола јавно му предложи тренер на Арсенал!

Венгер после 22 години одлучи да го напушти Арсенал, па „топџиите“ следната сезона ќе ја започнат со нов менаџер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во моментов медиумите лецитираат со голем број на имињата, а Пеп Гвардиола јавно му предложи на „топџиите“ кој би бил идеален наследник на Венгер.

Виеира е спремен да стане врвен тренер. Веројатно има многу кандидати за наследник на Венгер, но Арсенал мора да го избере најдобриот. Убеден сум дека Виеира е спремен за тоа место“, изјави Гвардиола.

„Виеира е талентиран и сигурен сум дека неговиот потенцијал ќе се види еден ден. Го следам и сметам дека е многу добар тренер“, додаде Пеп.

И самиот Венгер неодамна нагласи дека Виеира е некој кој би можел во иднина да го предводи лондонскиот клуб.

Покрај Виеира кандидати за празното столче се уште Луис Енрике, Макс Алегри, Карло Анчелоти и многу други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти првпат емотивно се расплака пред Мундијалот

Карло Анчелоти, еден од најпризнатите тренери во историјата, се подготвува да го води браз…