Дома Фудбал Англија ГВАРДИОЛА ШОКИРАН: Саркастично му се заблагодари на обезбедувањето!

ГВАРДИОЛА ШОКИРАН: Саркастично му се заблагодари на обезбедувањето!

Пеп Гвардиола беше видно изнервиран после, но и пред натпреварот со Ливерпул во кој неговиот Сити беше поразен со 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Автобусот на Манчестер Сити на патот до легендарниот стадион беше нападнат од фановите на Ливерпул. Имено, рутата по која поминуваше автобусот на „граѓаните“ беше преполна со фанови на „црвените“ кои користеа пиротехника и фрлаа предмети по автобусот.

По доаѓањето на „Енфилд“, тренерот на Манчестер Пеп Гвардиола саркастично му се обрати на клупското обезбедување.

„Ви благодарам што не заштитивте“, дофрли Пеп пред влегувањето и иронично повтори.

„Ви Благодарам. Навистина го ценам тоа што го направивме за нас. Срамота!“

Гвардиола и после натпреварот изјави дека е непријатно изненаден од приредениот дочек.

„Морам да признаам дека не очекував вакви сцени. Пред мечот се најавуваше дека може да се случи вакво нешто, па полицијата требаше да реагира. Во шок сум и не можам да верувам дека Ливерпул вака не пречека. Нормално, не мислам на клубот, туку на градот и граѓаните“, изјави Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Му го запалиле телото, го исекоа на парчиња и го растопија во киселина: „Лумумба“ ги затвори устите и испрати моќна порака (Видео)

Фудбалерите на ДР Конго имаа поддршка од нивниот познат фан, Мишел Мболадинга, кој отпатув…