Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд беше жестоко критикуван по неделното реми без голови со Арсенал од легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, кој сега работи како фудбалски аналитичар.
Ирецот за настапот на Норвежанецот во дербито во Премиер лигата изјави дека е на ниво на четвртиот по ред во Англија. Островските медиуми секако ги интересираше што мисли менаџерот на Сити, зборовите на Рој Кин.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не би се согласил со тоа, апсолутно не“, изјави шпанскиот стратег и додаде:
„Тој е најдобриот напаѓач на светот и ни помогна да ги освоиме сите тие трофеи минатата сезона. Халанд е исклучителен фудбалер“, потенцира Гвардиола.
Халанд постигна 18 гола на 24 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, како и шест на седум натпревари во Лигата на шампионите, иако поради повреда на стапалото паузираше повеќе од месец и половина.
Сити се уште е во игра за одбрана на тројната круна од минатата сезона. На девет кола пред крајот на Премиер лигата се третопласирани на табелата со 64 бода, што е три помалку од водечкиот Ливерпул и еден помалку од второпласираниот Арсенал. Во четврт-финалето на Лигата на шампионите го чека двомеч со Реал Мадрид, а во полуфиналето на ФА Купот ќе играат против Челзи.
„Граѓаните“ вечерва од 21 часот и 15 минути ја пречекуваат Астон Вила во рамките на 31. коло од Премиер лигата.