Дома Фудбал Англија Гвардиола: Секогаш ќе тврдат дека победуваме поради пари!

Гвардиола: Секогаш ќе тврдат дека победуваме поради пари!

Пеп Гвардиола истакна дека Манчестер Сити сака да ги почитува правилата на УЕФА во однос на Финансискиот фер-плеј.

Последниве денови во екот е аферата во која се открива како Манчестер Сити и ПСЖ ги избегнувале казните поради кршење на Финансискиот фер-плеј.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Она што јас можам да го кажам е дека им верувам на сите во клубот. Нормално дека сакаме да ги почитуваме правилата на УЕФА и на Премиер лигата. Во клубот знаат што треба да правиме. Да бидам потполно искрен не знам точно што се случило, бидејќи мене ме интересира само теренот и соблекувалната“, истакна Гвардиола.

„Луѓето истото го зборуваат за овој клуб веќе десет години. Се зборува дека победува само затоа што има пари. Тоа е проблем со кој секогаш ќе се соочуваме. Со тоа мора да живееме сите во клубот“, заклучи каталонскиот страгег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…