Дома Фудбал Англија Гвардиола сака дисциплина: Го суспендираше светскиот шампион!

Гвардиола сака дисциплина: Го суспендираше светскиот шампион!

Неодамна се пишуваше за престапот кој го направи фудбалерот на Манчестер Сити, а сега е објаснето и дека добил казна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бенџамин Менди е важен фудбалер за Манчестер Сити и тоа јасно се виде и оваа сезона.

И покрај тоа што одигра само 13 натпревари во Премиер лигата од кога минатото лето ги засили „граѓаните“, кога и да беше на теренот неговото присуство се чуствуваше. Доволно е да се каже само дека тој е единствениот класичен лев бек во тимот.

Сепак, проблемите надвор од теренот го принудија Гвардиола да реагира.

Имено, тој задоцнил на терапијата за повредата на стапалото и се појавил дури три часа после закажаниот термин.

Познато е дека Гвардиола не поднесува недисциплина и веднаш на Островот се започна со пишување за неговата иднина.

Како и да е, Менди се уште се опоравува од повредата, но францускиот репрезентативец не само што не играше на натпреварвите, туку не беше ниту во друштво на своите играчи кога Гвардиола после доцнењето го суспендирал на една недела.

Кога тој се појавил пред клупските простории шпанскиот стратег му соопштил дека е суспендиран на седум дена како опомена дека такви работи повеќе не смеат да му се случуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…