Денес на програмата во Премиер лигата е дербито на Манчестер, кое оваа сезона има посебна тежина бидејќи двата клуба се дирекни конкуренти за титулата.
Пред дербито менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека Фергусон сакал тој да биде негова замена на „Олд Трафорд“ и во 2012 година лично му го понудил тоа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Знам што ми рече, но не се сеќавам. Тој зборуваше толку брзо, што ми беше тешко да го разберам. Мојот англиски ниту сега не ми е совршен, но е малку подобар од тогаш. На таа средба Фергусон ми понуди да бидам негов наследник на „Олд Трафорд“, но тогаш бев под договор со Барса“, откри Гвардиола.
Сепак патот го однесе на другата страна од Манчестер. Гвардиола по завршувањето на престојот во Барса се одлучи да премине во Баерн Минхен, а пред две години го презеде кормилото на Манчестер Сити.
„Кога решив да заминам од Баерн, Сити беше најконкретен со понудата и брзо се договоривме. Навистина не жалам што сум во овој клуб“, истакна Пеп.