Дома Фудбал Англија Гвардиола по ремито со Брајтон: Игравме само 48 часа откако го испивме целиот алкохол во Манчестер

Гвардиола по ремито со Брајтон: Игравме само 48 часа откако го испивме целиот алкохол во Манчестер

Манчестер Сити вчера одигра реми против Брајтон (1:1), но овој резултат не ги загрижува многу „граѓаните“ бидејќи веќе ја освоија шампионската титула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По натпреварот Гвардиола зборуваше за славјето во Манчестер кое го гледа како причина за ова реми, но не заборави да има честита на противниците за пласманот во Лигата на Европа.

„Ова беше посебен натпревар. Честитки до Брајтон за промоцијата во Лигата на Европа. Натпреварот го игравме само 48 часа откако го испивме целиот алкохол во Манчестер и покажавме зошто сме шампиони. Не забележав пад во нашиот интезитет и идеја. Противникот создаде шанси, но создадвоме и ние“, изјави Гвардиола.

Со ова реми заврши и низата на Манчестер Сити од 12 победи во серија, сепак сигурно брзо ќе биде заборавено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сцени од прославата на Аргентина станаа хит: Ги победија Англичаните, а потоа предизвикаа земјотрес (Видео)

По драматичната победа над Англија, фудбалската репрезентација на Аргентина обезбеди пласм…