Дома Фудбал Англија Гвардиола после поразот: Ливерпул и Тотенхем се подобри од нас!

Гвардиола после поразот: Ливерпул и Тотенхем се подобри од нас!

Откако во минатото коло беше поразен од Кристал Палас, Манчестер Сити денес доживеа нов пораз во Премиер лигата, овој пат од Лестер.

„Граѓаните“ после двата порази паднаа на третото место на табелата, а Гвардиола остана смирен и изјави дека во моментов Ливерпул и Тотенхем се подобри.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Натпреварот беше сличен со оној на Кристал Палас. Првиот дел бевме добри, ни недостасуваше можеби сила за да ги завршуваме нападите. Минатата сезона имавме голема предност, оваа сезона Ливерпул и Тотенхем се подобри во моментов од нас“, истакна Гвардиола.

Ја завршивме првата половина од сезоната, имавме доволно поени за да бидеме шампиони, но другите тимови имаат повеќе, тие се подобри од нас во моментот. Фудбалот е фантастичен и непредвидлив. Луѓето велат дека она што го направивме минатата сезона беше лесно, но беше многу тешко“, заклучи каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Валверде даде ветување: Еве што ќе направи ако ја освои ЛШ

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на ш…