Манчестер Сити оваа сезона се прошета во англиската Премиер лига и „граѓаните“ имаат прилика да го соборат рекордот по бројот на освоени бодови во најелтниот ранг на англискиот фудбал.
Сепак, и покрај тоа Гвардиола смета дека има уште многу работи да поправи својот тим, посебно поради фактот што потфрлија во Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Да потсетиме, Сити својот настап во Лигата на шампионите го заврши во ¼ финалето после двата порази од Ливерпул.
„Не грижете се и во летото кое следи ќе трошоиме, овој пат можеби милијарда фунти или нешто слично, порача саркастично Гвардиола свесен за критиките кои ги добива неговиот тим од критичарите за преголемото трошење.
„Новата сезона започнува од нула и ќе ни биде потребно нешто. Мораме да поправиме некои работи. Можеби ќе доведеме еден или двајца играчи за наредната сезона. Не повеќе од тоа“, додаде тренерот на Манчестер Сити.