Дома Фудбал Останато Гвардиола: Никогаш не сум се обидел да го доведам Меси – никогаш!

Гвардиола: Никогаш не сум се обидел да го доведам Меси – никогаш!

guardiola

Oткако денес „Мундо Депортиво“ објави детали од наводната понуда на Манчестер Сити за Лионел Меси, Пеп Гвардиола се огласи на таа тема.

Пеп веќе долго време тврди дека Меси ќе ја заврши својата кариера во Каталонија, но и покрај тоа секогаш се поврзува со трансфер во Манчестер Сити. Сепак, Гвардиола во изјава за англиски „Стандард“ порача дека никогаш не се обидел да го доведе Меси.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Кога стигнав во Баерн и Манчестер Сити, никогаш не сум побрал да ми биде доведен Меси. Знам колку тој е важен за Барселона. Никогаш не направив таков чекор. Никогаш. Ви кажав 1000 пати дека сакам да остане во Барселона“, порача Гвардиола.

Гвардиола во четири сезони во Барселона освои 14 трофеи што го прави најуспешен тренер во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бруно Фернандеш: Сакам да останам во Јунајтед, но…

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, изрази желба да остане на „ОлдТрафорд“, …