Капитенот на Вест Бромвич Албион, Џони Еванс на лето може да направи трансфер во еден од англиските гиганти, Манчестер Сити или Арсенал.
Репрезентативецот на Северна Ирска ќе може да биде купен за само 3 милиони фунти, доколку неговиот тим испадне во Чемпионшип дивизијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Самиот Еванс преферира преселба во Манчестер Сити, бидејќи неговото семејство живее во Манчестер.
Гвардиола пак сака да привлече искусен стопер кој веќе има искуство во Премиер лигата и во Лигата на шампиони и Еванс е одлична прилика за „граѓаните“.
Еванс беше блиску до трансфер на „Етихад“ уште во зимскиот преоден рок, но двата клуба не успеаа да постигнат согласност за трансферот.
Jonny Evans, who will be available for just £3m if West Brom are relegated, is reluctant to join Arsenal in the summer because he wants a move to Manchester City. City were £2m off meeting WBA's valuation for Evans in January. [Mirror] pic.twitter.com/nGXxAxB0o0
— City Watch (@City_Watch) April 12, 2018