Дома Фудбал Англија Гвардиола: Нашата предност? Тоа што Ливерпул не освоил титула 29 години

Гвардиола: Нашата предност? Тоа што Ливерпул не освоил титула 29 години

guardiola

Шпанецот можеби е во право, но можеби и сето ова да е една психолошка игра.

Вечерва со почеток од 21:00 часот не очекува големото англиско дерби кое многу ќе одлучува кога во прашање е титулата во Премиер лигат.а


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Акутелниот шампион Манчестер Сити е во подредена положба бидејќи ја изгуби лидерската позиција и „црвените“ во овој момент имаат седум бодови предност во однос на „граѓаните“.

Навивачите на Ливерпул сметаат дека ова може да биде сезоната во која ќе биде прекинат постот од 29 години без титула во англиската Премиер лига.

Менаџерот на Манчестер Сити не пропушти тоа да го спомене пред овој натпревар.

„Нас минатата сезона ни беше многу полесно бидејќи 80% од моите играчи немаа освоено ништо и имаа глад за победа. Можам само да претпоставам како се чуствуваат играчите на Ливерпул. Овој клуб не освоил титула 29 години, тоа е огромен притисок и затоа секогаш им зборувам на играчите колку е важно да освојувате трофеи секоја година“.

„Имаме уште многу натпревари пред нас и Ливерпул и ние ќе губиме бодови бидејќи конкуренцијата е навистина силна“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заедно со Клоп, Ливерпул го напуштаат уште осум играчи?

Јирген Клоп ќе го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот во кој…