Дома Фудбал Англија Гвардиола му посака добредојде на Емери: Уште еден квалитетен менаџер во Премиер лигата

Гвардиола му посака добредојде на Емери: Уште еден квалитетен менаџер во Премиер лигата

Менаџерот на Манчестер Сити го пофали и му посака добредојде на Унаи Емери во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Емери денес и официјално стана нов тренер на Арсенал каде што ќе го наследи Арсен Венгер кој оваа функција ја извршуваше 22 години.

46 годишниот стратег пред пристигнувањето во Англија ги предводеше Пари Сен Жермен, Валенсија, Спартак Москва и Севиља.

„Емери е одличен менаџер, неговата кариера зборува за тоа. Работеше одлично во Шпанија, исто така и во Франција беше многу добро. Па, добродојде во Англија. Тој е уште еден квалитетен менаџер кој ќе работи тука“, изјави Пеп Гвардиола.

Шпанецот со Севиља дури три пати беше шампион во Лигата на Европа, а додека во ПСЖ ја освојуваше Лига 1 и купот.

Пеп потоа зборуваше и за сезоната на својот тим, како и за дел од плановите за наредната.

„Беше добра сезона, но сега е време за одмор. Играчите можат да уживаат во своите успеси и да се припремаат за наредната. Во фудбалот секогаш постојат нови предизвици. Големите клубови секогаш забораваат што направиле и размислуваат за нови успеси“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите ф…