Дома Фудбал Англија Гвардиола: Манчестер Сити во споредба со Барса е нула!

Гвардиола: Манчестер Сити во споредба со Барса е нула!

guardiola

Откако седна на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се соочува со константно споредување со Барселона.

Логично, Каталонецот е еден од најуспешните тренери во историјата на Барселона, а овој Сити полека но сигурно истакнува кандидатура за големи достигнување, не само во Англија туку и во Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лига купот веќе е освоен, Премиер лигата многу веројатно дека е нивна, па преостанува само Лигата на шампионите каде што конкуренцијата е најсилна. „Граѓаните“ утре го играат реваншот против Базел, откако во првиот натпревар славеа победа со 4:0.

Пеп на конференцијата за медиуми доби конкретно прашање дали Сити и Барселона се на исто ниво.

„Не. Играчите се поинакви, тие имаат фудбалери кои во минатото освојуваа многу трофеи. Ние сме нула. Поголемиот дел во Манчестер“, потенцираше Пеп.

„Можеме да кажеме дека сме освоиле еден трофеј до сега, не можеме да се споредуваме со Барса. Таквата споредба не е добра. Барса е клуб кој доминираше во изминатата декада, 15-20 години со различни тренери и играчи. Секоја година освојуваа по некој трофеј, а ние минатата недела го освоивме првиот. За да се доближиме до нивото на таков клуб, мораме да освојуваме трофеи неколку години, долг временски период. Тоа е единствената формула“, изјави Гвардиола.

Потоа Гвардиола зборуваше за Премиер лигата.

„Блиску сме и математички да ја освоиме Премиер лигата. Нема да бидам дволичен да тврдам дека ништо не е готово. Секако дека е готово, потребни ни се уште четири победи. Мораме да бидеме мирни“, заврши Каталонецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …