Дома Фудбал Англија Гвардиола: Дури и ако не купиме никого, нема проблем

Гвардиола: Дури и ако не купиме никого, нема проблем

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола тврди дека за него нема да биде никаков проблем доколку клубот не успее да донесе ниту едно засилување во зимскиот трансфер прозорец.

Сепак, каталонскиот стратег смета дека има потреба од нови засилувања, бидејќи „граѓаните“ продолжуваат да се борат на четири фронта.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Никогаш не сум го притискал клубот за трансфери, ниту во Барселона ниту во Баерн. Заедно се обидуваме да го направиме најдоброто, но понекогаш тоа е можно, а понекогаш не. Дури и да не донесеме ниту едно засилување, не е проблем“, истакна Гвардиола.

„Многу пати сум кажал дека работиме не за овој месец, туку за иднината, за следните сезони. Ако не успееме да донесеме никого ќе работам со играчите кои ги имам на расолагање. Ова е најтежок период за трансфери, бидејќи секој сака да ги задржи играчите“, заклучи Пеп, а потоа проговори за шансите да освои четири трофеи.

„Да мислиме дека можеме да ги освоиме сите четири трофеи е илузија. Не е реално. За тоа ќе ни бидат потребни 32 фудбалери, за да можеме да се бориме на сите четири фронта. Меѓутоа, тоа е невозможно да се случи“, изјави каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…