Можно ли е вакво сценарио?
Како што пишуваат италијанските медиуми, Леонардо Бонучи е разочаран од Милан и постои можност дефанзивецот да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, Бонучи минатото лето премина за сума од 40 милиони евра од Јувентус во редовите на Милан и тој трансфер се смета за еден од најконтроверзните во Италија во последните неколку години.
Меѓутоа амбициозниот проект на Милан во кој потрошија повеќе од 200 милиони евра, не дава резултати и тимот се наоѓа 14 бодови од местото кое води во Лигата на шампионите.
Според „Газета Дело Спорт“ Бонучи се сомнева во проектот на Милан, а истиот извор наведува дека Манчестер Сити е спремен да го доведе.
Не е тајна дека Бонучи е тип на играч каков што посакува Гвардиола, а неколку пати веќе го фалеше италијанскиот репрезентативец, истакнувајќи дека е еден од ретките кои можат да креираат игра да и одигруваат прецизни пасови.
Освен Сити и ПСЖ како и Челзи се заинтересирани за дефанзивецот. Сепак, тешко е да се верува дека Бонучи може да го напушти Милан после само неколку месеци, но вреди се спомене и дека никој не веруваше кога за прв пат се појавија информациите дека може да го напушти Јувентус и да премине во Милан.