Олимпијакос го освои првиот европски трофеј во клупската историја.
Грчкиот тим во финалето на Конференциската лига во својот град Атина, на стадионот на градскиот ривал АЕК, ја совлада Фиорентина со голот на Мароканецот Ајуб Ел Кааби во 116. минута за рапсодија во Пиреја која сигурно ќе трае со денови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Грчкиот медиум „NewsI“ објави дека претседателот на Олимпијакос, грчкиот бизнисмен Евангелос Маринакис на играчите ќе им додели бонус од пет милиони евра, кои ќе ги поделат меѓу себе.
Станува збор за истата сума која УЕФА ќе му ја додели на Олимпијакос за победата во третото по ранг европско натпреварување.