Дома Останати Ракомет Вујо: Кажав дека Раул е подобар тактичар од Лино и уште го мислам тоа

Вујо: Кажав дека Раул е подобар тактичар од Лино и уште го мислам тоа

Веселин Вујовиќ пред нашиот натпревар против Хрватска истакна дека нашиот селектор Раул Гонзалес го смета за подобар тактичар од Лино Червар.

Овој свој став Вујовиќ го изнесе како за „Индекс“ и тоа на Хрватите сигурно не им се допадна. Ние изгубивме од Хрватска која пак вчера ја победи и Шпанија, но за Вујо, Раул се уште е подобар од Червар.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Пред натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска за „Индекс“ изјавив дека Раул е подобар тактичар од Червар. Хрватска ја надигра и ја победи Македонија, но јас моето мислење не го променив и тоа не можам да го направам поради само еден натпревар. Лино е голем тренер, освои многу титули и не мора да се докажува, ниту на мене, ниту на било кој друг. Некој медиум можеби не ги пренел добро моите зборови. Јас во никој случај не кажав дека Лино е лош тактичар, не можам да го направам тоа затоа што не е вистина. За мене Раул е тренер со повеќе опции и лесно може да го промени системот“, изјави Вујовиќ.

Хрватска и Червар се во одлична позиција за пласман во полуфинале со оглед на тоа што во втората фаза пренесуваат четири бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Галевски знае каде летово нема да оди на одмор – во Грција!

Младиот чувар на мрежата на Алкалоид, Иван Галевски, кој блесна во првиот финален натпрева…