Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ има нов ангажман и во Хрватска.
Со својот нов тим Вујовиќ ќе сео биде да ја прекине доминацијата на Загреб каде што работеше во минатото. Вујовиќ во неговата богата тренерска кариера беше тренер на Сиудад Реал, Вардар, Загреб, Копер и Ал Сад, а исто така беше и селектор на Македонија, Словенија, Црна Гора и Србија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На клупата на Нексе, Вујовиќ ќе го наследи Бранко Тамше. Последната работа Вујовиќ ја имаше во репрезентација на Иран на која успеа да и донесе дебитантски настап на Светското првенство, сепак од таму си замина поради политичката ситуација.
Главната цел во Нексе ќе му биде да ја одземе шампионската титула од Загреб, но сезонава прво ќе треба да се обезбеди пласманот во Европската лига.