Дома Топ вести Во Јувентус „чистка“ ќе мора да има: Кој е вишок?

Во Јувентус „чистка“ ќе мора да има: Кој е вишок?

Jувентус изгледа има премногу играчи, а се очекува и пристигнување на Де Лих, па Сари ќе мора да ја скрати листата. Кој е вишок?

Трансферот на Де Лихт изгледа е договорен. Според последните информации на холандските медиуми кои пристигнаа вчера Јувентус ја зголемил понудата и Ајакс конечно се согласил.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со Де Лихт Јувентус ќе има 27 играчи и четворица нема да можат да бидат пријавени за Лигата на шампионите.

Кој ќе замине?

Прв кандидат е Кансело, се чека понуди од Сити и Баерн, Јувентус не попушта и бара 60 милиони евра. Ако Кансело замине постојат две опции, Квардадо да игра како десен бек или да се продаде и Колумбиецот и да се доведе Дармијан од Манчестер Јунајтед.

Се чекаат понуди за Кедира, ќе видиме дали ќе се јават клубовите од МЛС лигата или Фенербахче, а поради враќањето на Буфон многу веројатно ќе замине и Матија Перин за кого се интересира Фиорентина, но и водечките клубови од Португалија.

Марко Пјаца се врати од позајмица и ќе биде испратен на нова, се шпекулира за Верона, а многу зависи и од Гонзало Игуаин.

Имено, ако ја прифати понудата и се пресели во Рома. Јувентус ќе тргне по Икарди. Се очекува италијанскиот шампион да го напушти и Марио Манџукиќ кој се поврзуваше со Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Младите играчи како Демирал и левиот бек Лука Пелегрини најверојатно ќе бидат испратени на позајмица, за првиот постои можност и да се наметне кај Сари.

Проблем е што има премногу стопери и што дури и Бонучи на кого повеќе не му е загарантирано местото во стартниот тим би можел да биде ставе на продажба, иако тој не сака да го напушти клубот.

Шанси да го напушти Јувентус има и Блез Матуиди кој има понуда од Монако, но Французинот баш и не е расположен за промена на средината.

И на крајот Кин. Јуве не сака да го продаде, туку да го позајми или пак да добијат клазула според која ќе можат да го вратат, но Евертон не се согласува. Проблем за Јувентус е што има договор уште една година и ако не го продолжи во Јувентус ќе немаат премногу избор.

Кога се ќе се собере седумина играчи од минатата сезона се вишок не сметајќи го Игуаин кој беше на позајмица. Во клубот пристигнаа Рамзи, Буфон, Рабио пред потпис е и Де Лихт што ќе значи дека во бројот на играчи Јувентус ќе има уште мал маневарски простор, најверојатно за уште еден напаѓач и еден десен бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…