Помеѓу фановите на Интер владее еуфорично расположение откако овој тим со победата во градското дерби против Милан вчера го потврди своето 20. Скудето и така ја додаде втората ѕвездичка на својот дрес.
Легендарниот претседател на Интер, Масимо Морати не ја пропушти оваа можност да го „пецне“ најголемиот ривал, Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако не беше „Калчополи“ и тоа што сите знаеме дека се случуваше денес ние ќе имавме 25 титули. Јувентус и „Калчополи“ не спречија да ја достигнеме оваа бројка пред многу години. Сепак, среќни сме и оваа радост го надополни разочарувањето од Лигата на шампионите“, изјави Морати.
Интересно е што во јавноста се огласи и поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели.
Ањели на својот профил на социјалните мрежи со римски бројки го напиша датумот 16-ти мај 1982. година алудирајќи дека „старата дама“ уште тогаш го славела она што денес се радуваат „нероаѕурите“.