Дома Македонски спорт Војдан прави трансфер во Франција!

Војдан прави трансфер во Франција!

Maкедонскиот кошаркар Војдан Стојановски ќе ја продолж икариерата во француски Ортез.

Стојановски се договори со поранешниот француски шампион. Капитенот на репрезентацијата на Македонија до крајот на оваа недела ќе отпатува во Франција каде ќе стави потпис на договор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Војдан од стартот на сезоната беше без ангажман откако си замина од германски Олденбург. На маса тој имаше понуди од МЗТ, како и тимови од Шпанија и Грција, меѓутоа на крајот се одлучи за францускиот клуб.

Ортез слабо го започна првенството во Франција и после 13 кола има четири победи.

Инаку, Војдан е во конкуренција за кошкар на годината кај нас за 2019 година и за оваа титула тој ќе се бори со неговиот брат Дамјан и Ненад Димитријевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…