Дома Македонски спорт Мак баскет Војдан: Излегува дека мислиме само на Естонија, зошто да не ги победиме Италија и Русија?

Војдан: Излегува дека мислиме само на Естонија, зошто да не ги победиме Италија и Русија?

За разлика од ноемврискиот циклус, капитенот на нашиот национален тим Војдан Стојановски, во овој февруарски циклус, успеа да „фати“ и некој „слободен ден“.

Но се појави прв на првиот тренинг од подготовките са она што за една седмица следува во рускиот Перм. Последниот квалификациски турнир за пласман на завршницата на Евробаскетот во 2022 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Добра вест за него и за националнито тим е што на овој прв тренинг се присутни сите 15 повикани кошаркари?

„Супер работа е што тука уште на почетокот ќе бидеме скоро комплетни. Секако, поради професионалните обврски во Скопје нема да тренираат Димитријевиќ и Ѓуроски. Но верувам во тоа дека во овие наредни неколку дена ќе креираме една атмосфера која ќе биде нашиот заштитен знак во овој циклус, и тоа како битен за нас“

Но поради проблемите, пред и после Талин, сега во Перм, наместо два ќе треба да одиграме дури четири натпревари за пет дена?

„Ќе излажам ако кажам дека ќе биде лесно… Не, ќе биде навистина напорно. Но, за мене е поважно да сме здрави и живи, и во Перм да бидеме комплетни. Турнирот во Перм според оној интензитет на играње е едно мини Европско првенство. Како една група од ЕП во која за кратко време се одигруваат доста натпревари, а тоа носи дополнителна потрошувачка на енергија“

Добро е што за разлика од минатиот „балон“ сега имаме повеќе расположиви играчи за еден ваков турнирски систем налик на група од ЕП?

„Мислам дека, како што најави селекторот, во Перм ќе имаме 15.кошаркари на располагање. Еден доста поширок состав, со доста замени за одредени натпревари. Може да се направат и некои промени во ростерот. Тоа е голем плус во однос на она што нè чека таму“

Впечаток е дека јавноста очекува сите сили да ги сконцентрираме на дуелот со Естонија. Но претходно нè чекаат и други три натпревари. Два од нив против веќе пласираната Италија, и еден против домаќинот – Русија?

„Излегува така, дека сите мислиме само на тој натпревар. Не би се сложил со тоа. Ова е национален тим на Македонија кој треба да пружа максимум на секој натпревар. Зошто не би победиле некој од тие дуели со Италија или со Русија, па дуелот со Естонија да го чекаме во некоја порелаксирана атмосфера, без некое ‘морање’. Нема откажување. Ќе пробаме да ги искористиме сите шанси кои ќе ни се укажат во Перм“.

Верува ли капитенот дека оваа наша селекција може да обезбеди пласман на ЕП преку „балонот“ во далечниот Перм?

„Ако не верувам во успех, нема да сум тука, со соиграчите. Во Перм ќе одиме од натпревар во натпревар. За мене е доста важно што сите играчи се во некоја натпреварувачка форма, без оглед каде настапуваат во изминатиот период. Со добра атмосфера и давање на 200% од нашите можности можеме да дојдеме до тоа Европско првенство. Уште едно во нашите кариери“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…