Дома Македонски спорт Влатко Стојановски кариерата ја продолжува во Хрватска!

Влатко Стојановски кариерата ја продолжува во Хрватска!

Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски кариерата ќе ја продолжи во Хрватска, тврди „Спортске Новости“.

Од хрватските медиуми пренесуваат дека Стојановски во понеделник ќе пристигне во Горица и официјално ќе стане играч на овој клуб.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


За Стојановски ова нема да биде прв ангажман во Хрватска, претходно настапуваше за Сплит, Неретванац и Дугопоље. Во 2018 година се врати во македонскиот фудбал потпишувајќи за Ренова.

Во Франција без поголем учинок го носеше дресот на Шамбли и Ним.

Ќе потсетиме, Стојановски беше дел од македонската репрезентација на Европското првенство и одигра 12 минути во поразот од Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…