Дома Македонски спорт Мак фудбал Влатко Стојановски брзо пронајде нов клуб по заминувањето од Шкендија

Влатко Стојановски брзо пронајде нов клуб по заминувањето од Шкендија

Напаѓачот Влатко Стојановски брзо пронајде нов ангажман откако пред неколку дена ја раскина соработката со Шкендија.

Повремениот македонски репрезентативец повторно ќе има епизода надвор од границите на нашата држава и тоа во редовите на Септември Софија од Бугарија. Стојановски потпиша договор со бугарскиот клуб и веќе се приклучи на подготовките на тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во клупската кариера Стојановски настапуваше за Металург, РНК Сплит, Дугопоље, Ренова, Ним, Шамбли, Горица и Шкендија.

Од Шкендија Стојановски замина во есенскиот дел од првенството, а на 14 натпревари постигна два гола. За репрезентацијата на Македонија собра 10 настапи и двапати се запиша во листата на стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…