Дома Топ вести Влатко Стојановски има нов клуб, кариерата ја продолжува во Хрватска

Влатко Стојановски има нов клуб, кариерата ја продолжува во Хрватска

Македонскиот фудбалски репрезентаитвец Влатко Стојановски е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш Горица,

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стојановски во Горица пристигнува како слободен играч и потпиша договор до 2024. година.

„Се чувствувам одлично, мило ми е што дојдов во добро организиран клуб, кој секоја година напредува се повеќе и има големи амбиции. Ми се допаѓа хрватската лига, ја следев досега и мислам дека за мене е добар предизвик“, рече Стојановски по потпишувањето.

Да потсетиме, екипата на француски Ним беше последниот клуб на Стојановски, а претходно играше и во Хрватска за екипите на Сплит и Дугопоље.

Стојановски пред да замине во Франција настапуваше за Ренова кога беше и најдобар стрелец во лигата.

Репрезентативниот напаѓач во новиот клуб ќе го носи дресот со број 70.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мареска има голема желба, а Манчестер Сити веќе почна да ја исполнува!

Манчестер Сити наскоро може да добие ново звучно засилување во офанзивниот дел од тимот, а…