Дома Фудбал Вклучени алармите: Најновата изјава на Гризман ќе „крене прашина“ во медиумите!

Вклучени алармите: Најновата изјава на Гризман ќе „крене прашина“ во медиумите!

Aнтоан Гризман минатото лето беше блиску до преминување во Манчестер Јунајтед, но одлучи да остане, барем уште некое време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако постојат гласини дека Манчестер Јунајтед и понатаму е заинтересиран за Гризман, сепак светските медиуми очекуваат тој да се пресели во Барселона која е спремна да ја плати неговата откупна клазула.

Наводно, трансферот на Гризман е блиску до реализација, а уште повеќе ќе се пишува после најновата изјава на Французинот.

Гризман призна дека не може со сигурност да каже дека и наредната сезона ќе го носи дресот на Атлетико.

„Не знам дали ќе останам во Атлетико, ќе видиме. Разговараме со клубот ќе видиме што може да се направи“, изјави Гризман.

Иначе, Атлетико е спремен да го направи Гризман најплатен играч во историјата на клубот за да го задржи во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…