Дома Фудбал Останато Ви се верува ли дека Мурињо не можеше да наброи три англиски дефанзивци!? (ВИДЕО)

Ви се верува ли дека Мурињо не можеше да наброи три англиски дефанзивци!? (ВИДЕО)

Португалскиот стратег Жозе Мурињо учествуваше во еден квиз и мораше да одговара на блиц прашања.

Мурињо за одговор немаше многу време, само неколку секунди, па така на прашањето да именува три англиски дефанзивци одговори: Џон Тери, Гери Кејхил и…Следуваше тишина, не можеше да се сети на ниту еден друг.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На Твитер многу брзо потоа се разви дебата и некои тврдат дека Мурињо намерно ги изостави дефанзивците на Манчестер Јунајтед Крис Смолинг, Лук Шо, Фил Џонс…

Ги заборави „Специјалниот“ и поранешните играчи на Челзи како Вејн Бриџ, Глен Џонс и Ешли Кол.

„100% тоа го направи намерно хаха“, напиша еден од корисниците на Твитер, друг додаде: „Не е луд да има толку лошо сеќавање“.

Но, сепак изглед Мурињо доби премалку време, а можеби и во право се оние кои тврдат поинаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…