Дома Фудбал Останато Винисиус: Ме сакаа Реал и Барселона, а јас го избрав најдобриот тим

Винисиус: Ме сакаа Реал и Барселона, а јас го избрав најдобриот тим

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор сезонава е во одлична форма и е еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, каде што стигна пред три години за 45 милиони евра од Фламенго.

Многумина сметаа дека тоа се премногу пари за еден тинејџер, но „кралевите“ беа сигурни во својот избор. Во првите сезони Винисиус не се прослави, но сезонава игра одлично.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бразилецот сезонава ги замолче критичарите и досега одигра 17 натпревари во сите конкуренции, а притоа постигна 10 гола и седум асистенции.

Интересно е тоа што Винисиус пред три години прво се договори со Барселона, но потоа се предомисли и реши да потпише за „кралскиот клуб“.

Тоа се откри пред неколку месеци кога Жерар Пике зборуваше пред „Ел Класико“, а на навивачите не им се допадна тоа што го направил Бразилецот и го навредуваа од трибините.

„Фактот е дека Реал и Барселона беа заинтересирани за мене, а јас го избрав најдобриот тим. Секогаш ги сакав Реал и Кристијано Роналдо. Ме навредуваа во Барселона, тоа е лошо и беше еден од најлошите моменти во мојата кариера“, кажа Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…