Екипата на Вилијамс ќе го пропушти првиот ден од предсезонските тестирања пред почетокот на првенството во Формула 1.
Вилијамс се уште не го завршиле својот болид, па ќе го пропуштат почетокот на тестирањата, соопшти заменик директорот на Вилијамс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За жал моравме да го одложиме почетокот на предсезонските тестирања во Барселона за вторникот. Во текот на зимата бевме презафатени припремајќи го новиот болид за сезоната која ни предстои, но и покрај сите напори потребно ни е уште време. Нашиот приоритет е на стазата да излеземе со најдоброто возило, а понекогаш е потребно повеќе време од предвиденото. Нормално, ова не е идеално, но не е крај на светот.“ – изјави заменик директорот на Вилијамс.
Инаку, предсезонските тестирања почнуваат во понеделник во Барселона, а Вилијамс претходната сезона беше последен во шампионатот на конструктор со само седум освоени бода од 21 трка.