
Лигата на шампионите стартува денеска, а дербито на вечерта ќе биде меѓу Реал Мадрид и Интер (21:00) на Сантијаго Бернабеу. Ден пред овој натпревар, Килијан Мбапе, напаѓачот на Реал и француската репрезентација, се обрати пред новинарите. На социјалните мрежи кружи видеоснимка на која се гледа како Мбапе го трга од масата шишето Гаторејд.
Ова е официјален енергетски пијалак на Лигата на шампионите и неговата присутност на прес-конференциите е договорно обврзана. Но, на напаѓачот на Реал тоа не му се допаднало. Овој потег потсетува на постапката на Кристијано Роналдо од 2021 година, кога на Европското првенство ги тргна шишињата Кока-Кола од масата.
Мбапе е познат по тоа што строго ги почитува своите спонзорски договори. Ова му предизвикало проблеми и во француската репрезентација. Еднаш одби официјално фотографирање бидејќи во позадина стоеле логотипи на компании што му се конкуренти на неговите спонзори.
Kylian Mbappé 🇫🇷 ја тргна шишенцето енергетски пијалак, кој е партнер на Лигата на шампионите, на сред прес-конференција. 🍶
— ActuCR7 (@ActuCR7_) September 7, 2026
Ова го потсетува на постапката на Кристијано Роналдо со шишето Кока-Кола во 2021. 🇵🇹🥤 pic.twitter.com/fUWt5yBY0q