Дома Фудбал Тајниот список на Арсенал: 21 фудбалер, меѓу нив Винициус, Алварез и Диоманде

Тајниот список на Арсенал: 21 фудбалер, меѓу нив Винициус, Алварез и Диоманде

Би-Би-Си ги откри деталите за плановите на Арсенал во текот на летниот трансфер период кој само што заврши. Британскиот шампион имаше импресивна листа со дури 21 фудбалско име кои беа предмет на разгледување. На оваа листа се најдоа Винициус Жуниор, Џулијан Алварез, Сандро Тонали, Кенан Јилдиз, Жоао Педро, како и двајца фудбалери од најголемиот конкурент Тотенхем.

Арсенал, по освојувањето на Премиер лигата, сакаше дополнително да ја засили екипата на Микел Артета, искористувајќи ги слабостите и промените кај ривалите. На „Емирејтс“ особено беа заинтересирани за елитен напаѓач, но некои од нивните клучни планови не се остварија.

Најмногу внимание предизвика можната аквизиција на Винициус Жуниор. Се шпекулираше дека Артета и спортскиот директор Андреа Берта се надеваа на вистинска шанса за ангажман на бразилецот додека траеше неизвесноста околу неговиот договор со Реал Мадрид.

Арсенал беше подготвен за рекорден трансфер на Винициус

Клубот беше подготвен финансиски да поддржи трансфер кој би значел нов британски рекорд, како и значителен договор за Винициус. Арсенал процени дека неговото влијание како играч и комерцијално ќе ја оправда ваквата инвестиција.

Сепак, имаше сомнежи дека интересот на Арсенал се користеше само како тактика во преговорите на Винициус со Реал. На крајот, Бразилецот остана во Мадрид и потпиша нов долгорочен договор.

Арсенал подолг период го следеше и Џулијан Алварез. Аргентинецот, сепак, не беше многу заинтересиран за враќање во Англија. Неговата прва опција беше Барселона, но Атлетико Мадрид не сакаше да го продаде во каталонскиот клуб. Арсенал се надеваше на промена на размислувањето на Алварез поради ова, но тој остана во Мадрид.

Би-Би-Си наведува дека пошироката листа на Арсенал летово ги вклучуваше овие 21 фудбалер:

Mорган Роџерс
Бредли Баркола
Кенан Јилдиз
Јан Диоманде
Нико Паз
Ели Жуниор Крупи
Елиот Андерсон
Жоао Педро
Винициус Жуниор
Џулијан Алварез
Малик Фофана
Сандро Тонали
Алекс Скот
Амаду Онана
Џереми Монга
Луис Пејџ
Иван Фреснеда
Кристијан Ромеро
Мики ван де Вен
Жакобо Рамон
Тарик Мухаремовиќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкомпјутер ги изненади фудбалските фанови пред почетокот на Лигата на шампионите! Погледнете кој е фаворит за освојување на елитното натпреварување!

Нова сезона на Лигата на шампионите официјално започнува денеска, а познатиот суперкомпјут…