Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Јунајтед го плати 85 милиони, а „не знае“ што е офсајд!?

ВИДЕО: Јунајтед го плати 85 милиони, а „не знае“ што е офсајд!?

Манчестер Јунајтед ова лето го доведе белгискиот напаѓач, Ромелу Лукаку за да прави разлика во големите натпревари. Поранешниот напаѓач на Евертон требаше да постигнува голови, но во своето деби во конкурентскиот натпревар навистина се посрамоти.

Манчестер Јунајтед загуби во Суперкупот од Реал Мадрид со 2:1, а Лукаку направи навистина голема глупост.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Пред самиот крај на првото полувреме, Андер Ерера истрча едно додавање од последната линија на Реал и топката се одби кон голот на Реал. Иако беше околку 10 метри во позадина во тој момент Лукаку сеедно одлучи да тргне кон таа топка, иако Ерера беше побрз од сите играчи на Реал и би дошол прв до неа.

Наместо да трча кон казнениот простор и да чека додавање од Ерера, Лукаку ја допре топката, па помошниот судија не имаше друго решение од тоа да го подигне знамето.

Видеото за кратко време стана како вирус на социјалните мрежи, а Лукаку предмет на исмејување. Реакцијата на Крос исто така привлече големо внимание во спортската јавност.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…