Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Што ли може да значи ова? Санчез не сакаше да се ракува со Венгер

ВИДЕО: Што ли може да значи ова? Санчез не сакаше да се ракува со Венгер

На сите им е јасно дека чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез не е среќен во Арсенал, а тоа се гледа од секој можен агол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Никој не разбира зошто Алексис често е на клупата на „Топчиите“, иако е нивниот најдобар фудбалер, а причината најверојатно лежи во фактот дека со тренерот на лондонската екипа не е во добри односи.

Чилеанецот силно сакаше минатото лето да го напушти клубот и да се пресели во Манчестер Сити, но тоа на крајот не се случи. Колку сега неговите односи со Венгер се лоши покажува и едно видео од утрешниот тренинг на „Топчиите“. Монреал, Озил и Санчез дојдоја на теренот, а единствено Алексис помина покрај Венгер како да не се познаваат. Очигледно е дека неможе да се гледаат овие денови.

Потсетуваме, иако во Премиер лигата поминаа веќе осум кола, Алексис започна само три натпревари, а два пати во игра влезе од клупата за резерви. Во стрелците се уште се нема запишано.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…