Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Шоу на ПСЖ, досада во Торино, пирова победа во Мадрид

Видео: Шоу на ПСЖ, досада во Торино, пирова победа во Мадрид

Натпреварот во Торино не го оправда епитетот „дерби на колото“, Атлетико ги задржа шансите за пласман во следната рунда, ПСЖ броеше до седум.

Атлетико со головите на Гризман и Гамеиро ја совлада Рома со 2-0 во Мадрид и теоретски ги задржа шансите за пласман во следната фаза, но нема да зависи само од себе. „Волчицата“ во последното коло игра дома против Карабаг, па со победа сигурно оди во следната фаза.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус и Барселона одиграа реми без голови во Торино. Тоа на каталонскиот тим му донесе пласман во нокаут фазата, а „старата дама“ има еден бод предност во однос на Спортинг Лисабон. Во последното коло ќе се одлучи вториот патник од групата.

Манчестер јунајтед го доживеа првиот пораз, на гости против Базел со 1-0. Михаел Ланг во 89 минута ја затресе мрежата на „црвените ѓаволи“, кои остануваат лидери во групата.

ПСЖ повторно имаше свое шоу и со седум гола го испрати Селтик. Гостите поведоа со голот на Дембеле, а потоа следуваа два гола на Нејмар и Кавани, и по еден Мбапе, Верати и Алвеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…