Дома Останати Кошарка НБА Видео: Шампионот им ја расипа забавата на Лејкерси, Бостон го доби дербито!

Видео: Шампионот им ја расипа забавата на Лејкерси, Бостон го доби дербито!

Синоќа на програмата во НБА лигата се одиграа 10 натпревари, а најинтересно секако беше во Лос Анџелес, каде актуелниот шампион ги победи Лејкерси со 116:114 после едно продолжение.

Кевин Дурант беше херој на гостите, постигнувајќи ги поените за победа во последните секунди од мечот. Најдобриот играч на Вориорси, во отсуство на Стеф Кари, запиша 38 поени, 11 скока и осум асистенции и продолжи да игра во фантастична форма. Голема помош доби од Клеј Томпсон, кој постигна 17 поени и 10 скока.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во дербито на истокот, Бостон славеше во дуелот со Индијана (111-112) и ја задржа челната позиција во конференцијата. Свое шоу имаше Кајри Ирвинг кој натпреварот го заврши со 30 поени.

Сите резултати:
Шарлот Хорнетс – Њујорк Никс 109:91
Индијана Пејсерс – Бостон Селтикс 111:112
Атланта Хокс – Мајами Хит 110:104
Чикаго Булс – Филаделфија Сиксерс 117:115
Хјустон Рокетс – Јута Џез 120:99
Минесота Тимбервулвс – Портланд Трејл Блејзерс 108:107
Оклахома Сити Тандер – Денвер Нагетс 95:94
Далас Маверикс – Феникс Санс 91:97
Сан Антонио Спарс – Лос Анџелес Клиперс 109:91

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Aмерикански новинар за Јокиќ: Тој е како вештачка интелигенција!

Денвер нагетс загуби на почетокот на полуфиналето на Западот од Минесота, но тоа не мора н…