Дома Топ вести Видео: Чудо на кое се смееше цел Камп Ноу!

Видео: Чудо на кое се смееше цел Камп Ноу!

Барселона синоќа ја декласира Осасуна со 7:1, а натпреварот секако ќе остане запаметен по првиот гол на Хавиер Маскерано во дресот на каталонскиот гигант.

Хавиер Маскерано е еден од најконстантните играчи на Барселона во изминатите седум години, но сеуште се немаше израдувано на својот гол првенец во каталонскиот дрес.

Сепак, после 319 меча Аргентинецот конечно го постигна својот првенец, откако Ракитиќ му дозволи тој да го шутира пеналот.

Во речиси една и пол децениската кариера, ова беше само втор погодок за Маскерано во првенство. Еднаш даде гол и во дресот на Ливерпул во сезоната 2007/08, пред точно девет години!

Урнебесна беше рекацијата и на клупата на Барселона, каде Суарез, Иниеста и останатите бурно и со смеа го прославија голот на својот соиграч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта му се обрати на најдобриот во светот: Тебе те чекаат 105.000 гледачи на Камп Ноу, ти одлучи сам!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, повторно зборуваше за Лионел Меси и откри дека к…