Дома Фудбал Репрезентации Видео: Реми против Србија, прв бод на Европските првенства!

Видео: Реми против Србија, прв бод на Европските првенства!

Македонските млади фудбалери одиграа одличен натпревар против селекцијата на Србија, но сепак на крајот мораше да се задоволиме само со бод.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на Благоја Милевски после високиот пораз од Шпанија покажаа дека не се случајно пласирани во Полска.

Иако натпреварот за нас не започна најдобро, Гачиновиќ со гол од офсајд донесе предност Србите од 1:0, во вториот дел Барди од пенал, а потоа Ѓорѓев во 83 минута погоди за радост и големо славје на нашите фудбалери. Сепак, се играше 90 минута од натпреварот кога Ѓурѓевиќ погоди и донесе важен бод за Србите.

Нашата селекција последниот натпревар од групата ќе го одигра против репрезентацијата на Португалија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лукаку помогна на Белгија за бод против Египет

Екипите на Белгија и Египет одиграа реми од првото коло во групата “G” на Свет…