Второлигашот Бристол изминатата вечер приреди вистинска сензација во четвртфиналето од Лига купот, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2:1.
Иако Жозе Мурињо на теренот испрати прилично силен состав, „ѓаволите“ се прикажаа во навистина бледо издание.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навивачите целосно беа разочарани од настапот на Златан Ибрахимовиќ, Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал и Пол Погба, најголемите ѕвезди кои вчера заиграа против второлигашот.
„Златан постигна гол, но одигра навистина лошо. Беше само сенка на стариот Ибра. Очаен беше со топка и грешеше скоро во се што ќе се обидеше да направи“, пишува „ЕСПН“.
Иначе, Ибрахимовиќ против Бристол го постигна првиот гол откако се врати на терените после паузата од осум месеци. Доби прилика од првата минута, но навивачите сметаат дека 36 годишниот напаѓач повеќе не може да одигра цел натпревар на високо ниво.
„Мртов лав“, „Лавовите не губат од Бристол“, „Бескорисен си“, „Засрамете се“, „Очајната игра на Златан покажа колку важен за нас е Лукаку“, „Заминувај“, гласеа само некои од коментарите на навивачите.