Фудбалерите на Вест Хем синоќа ремизираа пред своите навивачи против Ливерпул што сигурно беше изненадување на 25. коло во Премиер лигата.
Ливерпул во овој натпревар беше голем фаворит и се освен победа на овој тим се сметаше за изненадување што на крајот и се случи. Иако гостинскиот тим со голот на Мане успеа да дојде до водство, Вест Хем одговори на тоа и израмни на 1:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Херојот на Вест Хем беше Михаил Антонио кој по слободниот удар на Андерсон успеа да го совлада Алисон за голема прослава на навивачите на Вест Хем. Тогаш почна да прославува со соиграчите, а потоа доби шлаканица.
Италијанскиот соиграч Огбону изгледа дека многу се израдува на голот, па малку посилно го удри неговиот согирач. Но, Антонио на тоа очигледно не му се налути, барем не пред камерите.
Waking up like it’s 2012 and Gangnam Style’s just gone viral ? pic.twitter.com/SiakprS2z7
— West Ham United (@WestHamUtd) February 5, 2019