Дома Останати Авто Мото Верстапен: Непочитување е што Хамилтон славеше додека јас бев во болница

Верстапен: Непочитување е што Хамилтон славеше додека јас бев во болница

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен не го криеше своето незадовлство од начинот на кој Луис Хамилтон стигна до победата на трката за Големата Награда на Велика Британија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Двајцата возачи беа најглеми фаворити. Уште во првиот круг Хамилтон се обиде да го престигне Верстапен, но го закачи возачот на Ред Бул и со голема брзина удри во заштитната ограда.

„Мило ми е што сум добро. Разочаран сум од начинот на кој ја завршив трката. Казната која беше изречена нас не ни помага и не е праведна во однос на опасниот потег што Луис го направи. Тоа што од болница гледав како се радува е непочитување и неспортско однесување, но да одиме понатаму“, порача Верстапен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…