Арсен Венгер потврди дека одбил неколку понуди од Премиер лигата, но не ги откри имињата на клубовите бидејќи смета дека не е коректно.
Искусниот стратег потенцираше дека големата поврзаност кон Арсенал е причината да ги одбива понудите на клубовите од Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во мај 2018 година Венгер го напушти „Емирати“ после 22 години работа во Арсенал и се уште е без ангажман.
„Јас сум човек на Арсенал, а после тоа сум професионалец, не можам да престанам да работам. Одлучив да се повлечам од Премиерлигата бидејќи премногу сум поврзан со Арсенал, имав неколку можности да работам во Англија, но истите ги одбив, не би сакал да ги откријам клубовите, бидејќи постојат луѓе кои се на раководни места во поглед на тие понуди кои ги имав и не би било коректно кон нив да откријам нешто повеќе на оваа тема“, изјави Венгер.
Sir Alex Ferguson’s tribute to Arsène Wenger in London tonight testament to how their relationship evolved. What a rivalry that was. (Video via Legends of Football in support of Nordoff Robbins) @LoFootball #afc #mufc pic.twitter.com/3f38M1QfWI
— ian herbert (@ianherbs) October 8, 2019