Дома Фудбал Англија Венгер: На Погба не му се игра!

Венгер: На Погба не му се игра!

„Црвените ѓаволи“ после осум одиграни кола се наоѓаат на 12-тата позиција со само девет освоени бодови и изгледа дека ова ќе биде една од најтешките, ако не и најтешка сезона на клубот од кога постои Премиер лигата.

Поточно веќе е најтешка ако ги гледаме првите осум кола. Јунајтед од кога постои Премиер лигата немал волку лош старт. Полош старт Јунајтед имал само 1989 година кога во првите осум кола освоија исто толку бодови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тогаш натпреварувањето не се викаше Премиер лига, а Јунајтед сезоната ја заврши на 13-тата позиција.

Уште еден поразителен податок е статистиката на гостински терен. „Црвените ѓаволи“ не победиле на осум гостувања во низа и тоа им е најлошата низа во историјата на Премиер лигата.

И додека сите го критикуваат Солскјер, еден од најискусните тренери Арсен Венгер „удри“ по првата ѕвезда на тимот, Пол Погба.

„Прво, мислам дека Погба не е физички подготвен од почетокот на сезоната, а таков играч мора да даде 100% на теренот. Сепак, кога играчот сака да си замине и вие не го пуштате, во процес на подобрување на таа врска, страдаат неговите настапи. Со тоа, мислам дека тој се однесува како играч кој знае дека Јунајтед не може да освои титула, па затоа игра така“, истакна Венгер.

Погба оваа сезона има проблем и со повредите и до сега одигра само шест меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегува…