Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар со тесен пораз стартуваше во ЛШ

Вардар со тесен пораз стартуваше во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Вардар, стартуваше со пораз во новата сезона од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на тренерот Стевче Алушовски, во крајно неизвесен натпревар, беа поразени од Мешков Брест со 24:22.

Првото полувреме мина во знакот на домаќините и заврши со резултат 12:10. „Црвено-црните“ успеаја да се вратат од два гола негатива по првото полувреме, за во драматичен финиш да имаат предност од гол на четири минути пред крајот.

Меѓутоа потоа следуваше серија од 3:0 на домаќините за конечна победа од два разлика.

Најефикасен во тимот на Вардар беше Марко Вујин со шест гола, а поддршка му беше Дисингер кој натпреварот го заврши со четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …