Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардаровата легенда на крајот од сезоната заминува во пензија!

Вардаровата легенда на крајот од сезоната заминува во пензија!

Ракометарот кој остави длабока трага во Вардар, Иван Чупиќ на 38 години ќе стави крај на кариерата.

Чупиќ веќе има 38 години и по две децении како професионалец во кој го носеше дресот на Метковиќ, Медвешчак, Октавиа Виго, Горење Велење, Рајн Некар, Кјелце, Вардар и Загреб се одлучи дека е време за крај.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дресот на Вардар Чупиќ го носеше од 2016 до 2021 година и во тој период освои две европски титули, четири шампионски титули во Македонија, три пехари во Купот и три победи во СЕХА лигата.

Во своите најдобри денови Чупиќ важеше за еден од најдобрите во светот на својата позиција, доказ за тоа е и бројката од 810 гола во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Хавратска освои седум медали на големите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …