Дома Македонски спорт Вардарки демонстрираа сила и против Ларвик – Победа од 12 голови разлика!

Вардарки демонстрираа сила и против Ларвик – Победа од 12 голови разлика!

Женскиот ракометен тим на Вардар денес ја запиша и третата победа во Лигата на шампионите, а нов „жртва“ на тимот кој е актуелн европски вицешампион беше норвешки Ларвик.

Вардарки одиграа уште еден фантастичен натпревар, а на крајот славеа со убедливи 31:19. Норвешкиот тим само на стартот од натпреварот, односно во првите десет минути имаши сили да се надигрува македонските претставнички, потоа на теренот играше само еден тим.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На полувреме Вардар замина со предност од 16:9, па веќе тука веројатно беше решено прашањето на победникот во продолжение тие само ја потврдија победата.

Најефикасни на натпреварот беа Сара Ристовска и Андреа Пенезиќ, зад нив следуваше Лекиќ со пет погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ја прегази Естонија, сега на ред е Литванија!

Македонската ракометна репрезентација впиша историски триумф на гостувањето во Талин, совл…