Дома Фудбал Останато Ван Бастен: Јас сум 18 пати подобар од Вернер

Ван Бастен: Јас сум 18 пати подобар од Вернер

Легендарниот напаѓач, Марко ван Бастен, нема позитивно мислење за квалитетите на напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер. 

Вернер минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување, но не ги оправда очекувањата, напротив, стана мета за потсмев поради неговите големи промашувања.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња смета дека германскиот репрезентативец не е на ниво да игра за европски гигант.

„Дури мислам дека и квалитетите му се скромни. Бев најмалку 18 пати подобар од него. Тој не може да биде голгетер од светска класа и не треба да игра за голем клуб“, порачал Ван Бастен.

Марко ван Бастен во својата кариера настапуваше за Ајакс и за Милан, и три пати ја освои „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дембеле ќе мора да го издржи тоа што суноќа го направи затоа што социјалните мрежи не простуваат (Видео)

ПСЖ ја започна одбраната на титулата во Франција со две минимални победи (1:0). По Нант, в…