Дома Фудбал Валверде пред „Ел Класико“ зборуваше за ситуацијата со Меси

Валверде пред „Ел Класико“ зборуваше за ситуацијата со Меси

Утревечер од 21:00 часот на распоред е финалето во шпанскиот куп во кое ќе играат Реал Мадрид и Барселона.

Едно од прашањата кое се поставува пред овој натпревар е дали Лионел Меси ќе биде спремен за настап. Ќе потсетиме, Аргентинецот беше поштеден од вчерашниот тренинг откако заработил повреда во ремито со Валенсија (2:2).

Денес на конференцијата за медиуми, Валверде не можеше да не добие прашање за Меси.

„Ништо се уште не сум одлучил. Имаме уште еден тренинг пред „Ел Класико“ и после тоа ќе бидеме во каква состојба се наоѓа. Најважно од се е кога самиот играч ќе ти каже дека е спремен. Ако тој ти каже дека е спремен, дури потоа разговараш со докторите и носиш конечна одлука“, изјави Валверде.

Не е потребно да се истакнува колку тежок удар би било неиграњето на Меси во „Ел Класико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…