Скопје, 21.09.2021 – Заради подобра организација на целиот настан организаторите на Виз Ер Скопски Маратон направија промени во трката на 5км која беше планирана за 2ри октомври, истата да се одржи на 3ти октомври, заедно со другите трки, маратон, полумаратон и штафетниот маратон – ЕУ за спорт.
Виз Ер Скопски Маратон 2021, традиционално со четирите трки, како и секоја година, така и оваа, ќе се одржи во недела. Стартот и целта на трката ќе бидат на платото пред главниот влез на Спортски центар Борис Трајковски, со што маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе започнат во 8:00 часот, а трката на 5км ќе се трча со старт во 8:10 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Виз Ер Скопски Маратон ќе биде домаќин и на најдобрите македонски маратонци, кои ќе трчаат на Државното првенство во маратон, кое Атлетската Федерација на Македонија го организира во склоп на овогодинешниот маратон.
Подигањето на стартните пакети ќе биде од 30ти септември до 2ри октомври, во период од 12:00 часот до 19:00 часот, пред главниот влез на салата „Борис Трајковски“, а при подигање на истите, учесниците над 18 години задолжително ќе мора да покажат сертификат – потврда за извршена имунизација или примена барем една доза вакцина, потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена или потврда за негативен ПЦР КОВИД тест направен во последните 72 часа пред одржување на трката. Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се реализира под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.
Повеќе информации можат да се најдат на:
http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton/.