Наполи може да биде казнет од УЕФА поради постапките на претседателот Аурелио де Лаурентис, кој прекина интервју на еден од неговите играчи со „Скај Спорт Италија“ и удри камера.
Пред тренингот пред мечот со Барселона, фудбалерите на Наполи даваа изјави. Но, Де Лаурентис пред тоа најави дека ќе го бојкотираат „Скај Спорт Италија“, па затоа се појави и го прекина фудбалерот кој даваше изјава за овој медиум.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Де Лаурентис дојде до Политано кој разговараше со новинарите и откако го тргна фудбалерот ја турна камерата на „Скај Спорт Италија“. Ваквото однесување на првиот човек на Наполи предизвика голем револт помеѓу сите новински куќи и медиуми во Италија.
Napoli President Aurelio De Laurentiis aggressively deals with a camera operator from Sky Italia 😳 pic.twitter.com/3dUT4oJIlw
— Italian Football TV (@IFTVofficial) March 11, 2024